Хаос и превртени бироа во Основниот суд, интервенираше полицијата

by fokus

Нервозата меѓу вработените во Основниот суд 1 и тензичната дискусија за работата на претседател Владимир Панчевски, доцна попладнето во вторникот ескалирала во тепачка, јави Макфакс.

Инцидентот настанал откако вработена во судот, викала и барала да не се напаѓа и клевети Панчевски, на што еден вработен превртел биро и се втурнал кон неа. Веднаш потоа била повикана полициска асистенција.

За настанот било известено и Јавното обвинителство, но оттаму им било одговорено дека не можат ништо да преземат, односно дека сé ќе се заврши со прекршочна пријава.

За инцидентот побаравме коментар од Судот, од каде рекоа дека наскорот ќе излезат со официјален став.

Инаку, тензиите во судот, најверојатно следат откако дел од судиите го кренаа гласот против претседателот Панчевски.  Петицијата против Панчевски која ја потпишаа петнаесет судии, веќе заврши во Судскиот совет, а со неа бараат заштита од претседателот, но и негово санкционитрање.

Поврзани новости