Хаоосот во Турција ги откажа летовите од Истанбул кон Скопје

by Фокус

Поради кризната состојба во Турција, која настана по обидот за државен удар на дел од туската војска, откажани се летовите од Истанбул за Скопје, но и во обратен правец.

Аеродромот Ататурк, кој прво го преземаа пучистите, но власта набрзо го врати под своја контрола, моментално има голема гужва поради откажаните летови.

Токму таму околу 6.30 часот по локално време слета турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој претходно беше засолнет на Мармариз додека војската ги окупираше улиците, мостовите, институциите.

Засега неизвесно е дали ќе се остварат вечерните летови, но се очекува состојбата со авиопревозот постепено да се стабилизира.

Поврзани новости