Хан: Вие испорачавте, сега е ред на нас

by fokus

Еврокомесарот Јоханес Хан на денешната заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев рече дека е уверен дека европските лидери ќе ја видат пошироката слика и ќе одобрат преговори со Македонија.

-Реков дека Вие испорачавте, а сега е ред на нас. Уверен сум дека европските лидери ќе ја видат пошироката слика и ќе одобрат почеток на пристапни преговори. Во спротивно, ако после сето тоа што го демонстрираше Македонија во последните неколку години, каква порака ќе им упатиме на Србија и на Косово, за тие да почнат суштествен дијалог за решавање на спорот. Македонија треба да добие јасна европска перспектива и тоа да биде силен сигнал за целиот регион дека тешките одлуки се наградуваат. Ние како европјани треба да ги признаеме сите овие напори. Се работи за јасен сигнал за заложба за европските перспективи на земјите како Северна Македонија и Албанија. Ова се очекува после сите мерки кои се преземени од двете земји. Има многу говори дека Европа треба да има улога на светско ниво, но ако не може тоа да го направиме во нашиот двор, ќе изгубиме кредибилитет тоа да го правиме надвор. Можам да побарам од нашите лидери да дадат зелено светло за процесот и се согласуваме со премиерот дека треба да работите на понатамошно брифирање на нашите методологии, рече Хан.

Поврзани новости