Хан: Важно е дека граѓаните можат слободно да гласаат на изборите

by fokus

Во престрет на утрешната посета на Македонија, еврокомесарот Јоханес Хан во соопштение преку Европската комисија вели дека е важно што условите за одржување на веродостојни избори во земјата се исполнети.

-Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток. Важно е дека условите на веродостојни избори се целосно исполнети и дека граѓаните можат слободно да учествуваат на истите, вели комесарот Хан.

Хан вели дека на средбите во Македонија ќе се инсистира да се забрза имплементацијата на Итните реформски приоритети во законот.

-Сето ова е клучно за земјата да направи одржлив напредок на својот пат кон Европската унија. А, исто така, со нетрпение очекуваме да слушнеме од специјалниот обвинител за тоа како нејзината работа напредува и за предизвиците со кои таа се соочува, додава Хан.

Поврзани новости