Хан со европската тројка утре доаѓа во Скопје

by fokus 12:32
12:32

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, утре доаѓа во Скопје за да се обиде да помогне за постигнување договор за излез од кризата. Тој ќе биде придружуван од тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Оваа посета минатата недела ја потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Таа рече дека еврокомесарот и европратениците ќе ја повторат цврстата позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.

Пред оваа посета на Хан, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера изјави дека неговата партија подготвува документ за излез од кризата.

Поврзани новости