Хан: Сфаќам дека на некои луѓе им е тешко да заминат од власт

by fokus 20:42
20:42

Без да ја именува ВМРО-ДПМНЕ, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека сфаќа дека на некои луѓе им е тешко да заминат од власт во опозиција. Ова тој го изјавил во своето обраќање на состанокот на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија свикан на иницијатива на словенечкиот европратеник Алојз Петерле (ЕПП).

Она што го видовме минатата недела е нешто што јас, искрено, не го очекував. Ова е невозможно, но, очигледно, се може да стане можно. Ова насилство во парламентот е апсолутно неприфатливо, рекол Хан.

Тој додал дека очекува целосна истрага на настаните со “правни последици”, напоменувајќи дека институциите за спроведување на законите не ја вршат својата работа подолго време.

Поврзани новости