Хан се сретна со Ахмети и Тачи

by Фокус

Еврокомесарот Јоханес Хан пред малку се сретна со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Вакви средби еврокомесарот попладнево ќе оствари и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Освен Хан, во Скопје се и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. За доцна попладне е најавена прес-конференција на комесарот Хан на која се очекува да ги соопшти резултатите од разговорите со политичките лидери.

Се уште нема официјални информации дали Хан ќе има заедничка средба со сите лидери или средбите ќе се остварат со секој посебно.

Поврзани новости