Хан: Преспанскиот договор треба да се учи во книгите по историја

by Фокус

Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК. Според него, земјава направила значителен напредок, при што, посочува тој, најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција.

– Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан – вели Хан.

Поврзани новости