Хан побара од Заев сите партии да учествуваат во носењето одлуки

by fokus

Премиерот Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел се сретна и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан.

Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев потенцираше дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија. Премиерот Заев искажа верување дека за само неколку месеци, Северна Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.

На средбата, евро-комесарот Хан го охрабри премиерот Заев да продолжат реформите во земјата. Беше искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуките коишто се од интерес на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев на денешната средба со Хан потенцираше дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.

Поврзани новости