Хан: Македонија конечно ја надмина политичката криза

by fokus

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан, денеска на прес-конференција во Брисел, која се одржа само еден час пред неговата средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, порача дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека денеска главна тема во разговорите со Заев ќе бидат Итните реформски приоритети.

– Невообичаено за него, комесарот Хан не ја употреби целата референца за Македонија, туку само акронимот „ПЈРМ“, на денот кога ја пречекува високата делегација на новата македонска Влада, предводена од премиерот Заев, а во која се и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Како што изјави комесарот Хан, ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и тој сега се надева дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина.

Освен со Јоханес Хан, високата делегација на македонската Влада, денеска во Брисел веќе се сретна и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, а ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Поврзани новости