Хан на средба со граѓанскиот сектор, се бара специјално судско одделение

by fokus 10:17
10:17

Граѓанските организации се најдоа први на агендата на еврокомесарот Јоханес Хан, кој денеска треба да се сретне и со политичките лидери и Специјалната јавна обвинителка.

Претставниците на невладиниот сектор, побараа да се формира независно судско одделение што ќе работи на случаите на Специјалното јавно обвинителство, но претходно да се распушти Судскиот совет и повторно да се реизбере за да се обезбеди непристрасност.

- Advertisements -

На средбата, исто така, била побарана подиректна комуникација на ЕУ, односно избегнување на еуфемизмите и директно лоцирање на одговорноста.

Граѓанските организации на крајот побарале да бидат вклучени во преговорите, но не директно туку во процесот на надгледување, договарање и на евалуирање.

Еврокомесарот им се заблагодари на претставниците на граѓанските организации за нивниот придонес.

-Прв состанок во Скопје посветен на важната размена на информации со претставниците на граѓанското општество. Им заблагодарив на граѓанските организации за нивната посветеност и за важниот придонес. Ги уверив во важноста што им ја даваме на реформските приоритети-твитна Хан.

Поврзани новости