Хан ќе предложи Груевски да остане премиер и во преодната влада?

by Фокус

Телевизијата 24 Вести пренесува дека според нејзини извори, решението кое утре ќе го понуди еврокомесарот Јоханес Хан предвидува останување на Никола Груевски на премиерската позиција и во евентуалната преодна влада која би се договорила за излез од кризата.

Токму поради ова, наводно се скарале тројцата европратеници Ховит, Вајгал и Кукан и нема да присуствуваат на утрешната средба. Првите двајца, кои се дел од левичарски партии, сметале дека барањето на опозицијата за оставка на Груевски и преодна влада без него, се сосема логични после сите објавени наводи за нерегуларности во работењето на Владата на сегашниот премиер. Кукан, кој исто како и Хан, е дел европската десница во која членува и ВМРО-ДПМНЕ, сметал дека ваквото барање на опозицијата е максималистичко.

Поврзани новости