Хан: Иванов има решавачка улога и мора да се носи со одговорноста

by fokus

Еврокомесарот Јоханес Хан иако не го најде претседателот Ѓорге Иванов во Скопје, во интервју на „Канал5”, му испрати директни пораки, во кои го повика да се однесува одговорно и да го додели мандатот за состав на влада.

Тој рече дека не сака да ја коментира одлуката на Иванов да не се сретне со него, но, сепак, порача дека во вакви важни моменти, би било подобро да е во земјата наместо да патува во странство.

– Ја почитувам институцијата шеф на држава. Во демократски земји, не би сакал да коментирам, но, во вакви времиња, особено е важно да се биде во земјата и да се врши улогата на претседател, која е решавачка. Сметам дека сите очекуваат да учествува во проактивна улога и да придонесува за мирно решение во тековните преговори…Во интерес на земјата, секој актер треба да ја игра својата улога, треба да биде свесен за своите одговорности и обврски, треба да го почитува уставот и доколку има предлог, ако има владина програма која се базира и која го почитува уставот тогаш тој треба да се согласи и да го поддржи формирањето на таа влада- порача Хан.

Инаку, Иванов вчера одби да се сретне со еврокомесарот и пратеничката тројка од Европскиот парламент и му го отстапи терминот за средба со претставници на иницијативата „За заедничка Македонија”.

Поврзани новости