Хан и европратениците во Стразбур разговарале за Македонија

by fokus

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Стразбур се сретнал со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан со кого разговарал за политичката состојба во Македонија.

„Стразбур: Добар разговор со Ричард Ховит, Иво Вајл и Едвард Кукан за развојот на настаните во Скопје. Кредибилни избори се клучот за враќање на земјата на евроатланскиот пат на реформи“, напиша Хан на твитер профилот.

Тројцата европратеници и еврокомесарот Хан беа посредници преговорите меѓу четирите најголеми политички партии, за спроведување на договорот од Пржино.

Поврзани новости