Хан: ЕУ повторно мора да го покрене процесот на проширување

by Fokus

Следната година ќе биде клучна во процесот за пристапување на земјите од Западен Балкан, изјави еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан на грчкиот институт „Еленска фондација за европска и надворешна политика“.

Тој во вчерашниот говор истакна дека 2018 година ќе биде клучна година за промоција на пристапувањето во ЕУ на Западен Балкан.

Европската унија повторно мора да го покрене процесот на проширување со тоа што ќе ги убеди земјите-членки на Унијата дека европската интеграција е во интерес на двете страни.

Поврзани новости