Хан доаѓа во Скопје следната недела

by fokus

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, следната недела доаѓа во Македонија, најави тој на Твитер.

„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество“, објави Хан на својот Твитер профил.

Неговата најава за посета на Македонија доаѓа по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

„Верувам дека Владата ќе го искористи позитивниот момент и оти ќе ги видиме резултатите од натамошните реформи до крајот на годината. За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата“, пишува Хан.

 

Поврзани новости