Хан денеска во Скопје, Рикер во Битола

by lali

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска престојува во посета на Република Северна Македонија. Според соопштението на владата, тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а ќе одржат и заедничка прес конференција.

Во меѓувреме,Филип Рикер, вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија денеска ќе ја посета Општина Битола. Предвидено е тој утре во Скопје да има средба со премиерот Заев, по што исто така ќе имаат заедничка прес конференција.

Поврзани новости