Хан: Ако се повторат случувањата во Собранието ќе биде загрозена европската перспектива на Македонија

by fokus

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за австриски Стандард вели дека не очекувал таков напад во македонското Собрание, но, како што вели, нештата за жал некогаш тргнуваат и наопаку.

Но, додава Хан, доколку тоа создава впечаток дека земјата сега автоматски ќе биде исфрлена од процесот на придружување, одговорот е „Не“.

„Во парламентот беа нападнати оние кои се залагаат за европскиот процес. Ќе биде неправедно сега да кажеме, со тоа заврши перспективата за придружување. Напротив, се надевам дека случувањата ќе бидат аларм за будење. Доколку се повторат, тогаш ќе биде загрозена европската перспектива. Демократијата значи и промени. Доколку демократскиот процес и натаму се попречува, ние нема да можеме да го одржиме нашето ветување за почеток на преговорите за придружување“, вели Хан во интервју за Стандард.

Поврзани новости