Хакирана веб страницата на руската Федерална служба која го приведе Навални

by fokus

Хакери извршиле напад врз официјалната веб страница на руската Федерална служба за извршување на санкции, чии припадници вечерва на аеродромот Шереметјево во Москва го приведоа опозицискиот руски лидер, Алексеј Навални.

-Веб страницата веќе два часа е под непрекинати хакерски напади. Експертите работат на подигнување на интернет страницата, јавува ТАСС повикувајќи се на изјава од извор во службата кој рекол дека не се знае се уште од каде доаѓаат нападите.

Службата претходно објави дека опозиционерот Навални е приведен на пасошка контрола веднаш по враќањето од Берлин во Москва.

Поврзани новости