Хајредини: Состојбите не се менуваат, ни во корупцијата ни во политиката, се продолжува со истата политика од порано!

by fokus 10:43
10:43

Поранешниот министер и политички аналитичар Џевдет Хајредини, во гостувањето на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ вели дека е добро да добиеме датум, но не е точно дека наредниот ден се ќе биде добро.

„Не е точно затоа што кога ќе видат дека не се менува ништо разочарувањето ќе биде многу поголемо од досега. Се создаде клима кога Макрон го блокираше давањето на датум – дека толку убави зборови се кажаа за Македонија што се стекна впечаток дека е добро што не добивме датум чим ситуацијата била толку добра. Јас мислам дека дента кога ќе го добиеме ќе има некои писма од Европа до нас. Задачи и до сега ни доделувале, но не помагало многу кај овие политичари што ги имаме последниве 5 години, па и последниве пет дена. Состојбите не се менуваат, ни во корупцијата, ни во политиката, ни во меѓуетничките односи. Се продолжува со истата политика од порано“, рече Хајредини.

- Advertising -

Поврзани новости