Хајндл во посета на Атина

by Fokus 14:36
14:36

Германскиот пратеник за политичката криза во Македонија, Јоханес Хајндл, имал средби во Атина, во грчкото министерство за надворешни работи, пренесуваат дел од медиумите.

Според неофицијалните информации, германскиот посредник разговарал со политичкиот директор на министерството, Петрос Мавроидис, кој е директно ангажиран околу македонско-грчките разговори за мерките за градење доверба.

Проценките во Грција се дека е мала веројатноста грчката страна да е заинтересирана периодов за решавање на спорот за името, имајќи ги предвид општествените и политичките турбуленции во Грција.

 

 

Поврзани новости