Хаџиевски: Пандев и Панчев се најдобро нешто од македонскиот фудбал!

by Fokus

Медиумите и јавноста во Македонија знаат да прават анализи и дебати за тоа кој е подобар – Дарко Панчев или Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација.

Иако се неблагодарни ваквите споредби, ова прашање му го поставивме и на некогашниот селектор Ѓоко Хаџиевски, од кого добивме експресен одговор.

„Никогаш не треба да се прави споредба помеѓу Пандев и Панчев. Панчев беше прв стрелец во Европа и освои ЛШ со Ѕвезда, Пандев исто со Интер. Сосема различен вид на играчи се. Имаат свои одредени позитивни карактеристики и имаат голем број на поддржувачи. Да престанеме да ги споредуваме. Двајцата се најдоброто во македонскиот фудбал. Сетете се на Панчев против Грците, колку патриотски настапи и ја бранеше својата држава. Не треба да го забораваме тоа. Јас многу ги почитувам и двајцата. Да престанеме да ги палиме работите“, вели Хаџиевски за „Фокус“.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости