Гужва на „Табановце“ и „Богородица“, се чека по 1 час

by fokus

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ има колони од возила, поради што се чека до 1 час.

-На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подлги задржувања, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму информираат и дека од утре целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад и Штип-Југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

Поврзани новости