Гужва на граница, за влез во Грција се чека повеќе од еден час

by fokus

За влез во Грција преку граничниот премин „Богородица“ денеска се чека повеќе од еден час, соопштија од АМСМ.

Оттаму велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Поврзани новости