Гутереш: Светот е на работ на бездна поради климатските промени

by fokus

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот е „на работ на бездна“ поради климатските промени и оти е неопходно да се преземат големи чекори за да се избегне катастрофа.

На виртуелниот самит за климатски промени, чиј домаќин е американскиот претседател Џозеф Бајден, Гутереш ги повика светските лидери до 2050 година да формираат глобална коалиција, која ќе работи на постигнување нето нула емисии на јаглерод.

Тој изјави дека земјите ширум светот мора да ги укинат субвенциите за фосилни горива, да ги зголемат инвестициите во обновлива енергија и зелена инфраструктура и да престанат со изградбата на нови електрани на јаглен.

Гутереш ги повика богатите земји постепено да го намалуваат јаглеродот до 2030 година, а другите до 2040 година

Поврзани новости