Гутереш и официјално нов шеф на ОН

by fokus

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш официјално е новиот генерален секретар на Обединетите Нации.

Генералното Собрание на ОН составено од претставници од 193 држави, денеска едногласно го именуваше 67-годишниот Гутереш за нов шеф на светската организација.

Тој доаѓа на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 декември.

Гутереш  освен што беше премиер на Португалија, од 1995 до 2002 година, десет години ја извршуваше функцијата висок комесар за бегалци на ОН.

Со денешното гласање на генералното собрание, тој стана деветтиот генерален секретар на ОН во 71-годишната историја на светската организација.

Поврзани новости