Гутереш го поздрави договорот за спорот со името

by fokus

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија оквалификувајќи го како пројава на лидерство во регионот и вон него“.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Џарик изјави дека генралниот секретар на ОН „ги повикува граѓаните на двете држави да се обединат за да се придвижи процесот“.

Гутереш се надева  дека учесниците во други конфликти ќе увидат пример од тој развој и ќе работат за постигнување решенија преку преговори, додаде Џарик.

Поврзани новости