Гутереш доби втор мандат

by Fokus

Генералното собрание на ОН го именуваше денеска актуелниот генерален секретар на светската организација Антонио Гутереш за втор петтогодишен мандат. Новиот мандат на Гутереш почнува од 1 јануари 2022 година.

Советот за безбедност на ОН на 8 јуни го поддржа Гутереш за втор мандат на оваа функција, со што му препорача на Генералното собрание, кое има 193 членови, да го именува за уште пет години. 

Поврзани новости