Ѓурчески за „Фокус“: Политички лидери прифаќаат кадровски решенија на предлог на криминалните босови!

Интерес на политичките партии е борбата за освојување на власта на избори што им дава одредени привилегии, а интересот на криминалните групи е да уживаат соодветна заштита од државно правен прогон и можност за добивање на слободи и права за легализација на профитите од криминалот, вели поранешниот началник во МВР.

by Фокус

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

По убиството во „Шиша“ бар на Јетон Кривањева и Исен Исеини, „неделникот „Фокус“ ја обработува темата за нерасветлените ликвидации меѓу скопските семејни кланови и нарко-картели, базирани на крвна одмазна, но и за поцизионирање на црниот пазар.

Како „Дуќанџиќ“, „Беланоца“ и другите нарко-картели влегоа во крвава војна до истребување?!

„Фокус“ хронологија: Нерасветлени ликвидации меѓу скопските банди во мафијашки стил!

Од сојузници до ривали: Дали пресметките меѓу Дуќанџик, Беланоца, Грчец, Кондово, Бундес и Бутел се обидува да ги искористи кланот Барон?!

Воедно, ги третиравме и наводите и индициите за спрегите меѓу политиката и подземјето, кои, меѓу другото, произлегуваат и од многу фотографии објавени на социјалните мрежи и медиумите, како и од некои објавени прислушувани разговори.

Во врска со тоа, разговаравме со поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, кој за „Фокус“ коментира дека кога се бара врската меѓу криминалните групи и политичките елити на прво место се ставаат интересите на двете групи.

Според него, интерес на политичките партии е борбата за освојување на власта на избори што им дава одредени привилегии, а интересот на криминалните групи е да уживаат соодветна заштита од државно правен прогон и можност за добивање на слободи и права за легализација на профитите од криминалот.

– Партиите имаат интерес некој да купува гласови за нив, да влијае врз гласачкото тело, по потреба да врши и насилство врз гласачите, да купува гласови, да финансира кампањи на партиите. Тука најдобри соработници се шефовите на криминалните групи во кои владее силна хиерархиска поставеност.

 

Тие со исполнување на барањата на политичките партии за себе си обезбедуваат сигурност дека нема да бидат прогонувани од државните институции за криминалните дела. Притоа овие лица од криминалните групи се најлојални спрема лидерите и елитните функционери (премиери, министри, директори, началници и тн.) – објаснува Ѓурчески.

Тој додава дека не често се случува политичките лидери да прифатат одредени кадровски решенија на високи државни позиции на предлог на шефовите на криминалните групи.

– Овде особено мислам на лица кои претходно криминалните групи ги корумпирале и се на нивните платни списоци. Токму заради тоа често се случува да се постават нестручни и некомпетентни лица на највисоки позиции во државните институции.

 

Во основа тоа се познати методи на дејствување на политичките елити и криминалните групи, кои едни на други си ги вршат највалканите работи на штета на правната држава и еднаквоста на граѓаните пред законите – вели Ѓурчески.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости