Ѓулистана Марковска им се приклучи на реформаторите

by Fokus 15:04
15:04

Старата гарда на ВМРО-ДПМНЕ, како што се нарекуваат членовите кои се од основањето на партијата, денеска даде целосна поддршка на реформаторите кои бараат оставка од претседателот Никола Груевски.

Ѓулистана Марковска, пратеничка од првиот парламентарен состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека демократските промени на реформаторите се вистинските промени.

– Оваа група реформатори, заедно со нас ветераните, гледа дека постои незадоволство во партијата. Можеби е добро ВМРО-ДПМНЕ да биде одреден период во опозиција за да сфати каде греши, во кој момент ги направило грешките и на тие грешки да се научи да биде добра партија, рече Марковска.

- Advertising -

 

Поврзани новости