Ѓукановиќ: Уверен сум во победата!

by Фокус

Актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ рече дека неговиот оптимизам во однос на вториот круг од претседателските избори се заснова на вредностите што ги застапува и објективната помош што ја добива деновиве во вид на изострување на сликата за она што ѝ се нуди на Црна Гора во периодот меѓу двата изборни круга.

Тој изјави дека е уверен во својата победа во вториот круг од изборите на 2 април и посочи дека во неговиот следен мандат Црна Гора ќе стане членка на Европската Унија.

-Очекувам победа. Мојот оптимизам го базирам на добро познавање на гласачката јавност во Црна Гора, на познавање на сите потенцијали што не беа искористени во првиот круг. Мислам дека за ова придонесовме и ние како претседателски кандидати, кои во текот на кампањата пред првиот круг горе-долу испративме јасна порака дека ова ќе биде изборна трка во две фази – изјави Ѓукановиќ.

Тој наведе дека има потенцијални гласови во сите општини во Црна Гора, особено во општините каде што е забележан слаб одѕив во првиот круг.

Поврзани новости