Ѓукановиќ: Промена на границите веќе не е доминантен пристап во решавањето на косовското прашање

by fokus

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека идејата за промена на границите и размена на територии не е добра, но додаде дека тоа веќе не е доминантен пристап во решавањето на односите меѓу Косово и Србија.

– Предупредувавме дека идеите за размена на територии, за промена на границите што може да имаат ефект на промена на границите според етнички критериуми не се добри идеи затоа што може да предизвикаат домино ефект и тоа би ја загрозило кревката стабилност на нашиот регион. Но, ме охрабруваат разговори што ги имав деновиве, и се чини дека тоа веќе не е доминантен пристап кон решавање на проблемот, истакна Ѓукановиќ за Гласот на Америка во Њујорк, на маргините на сесијата на Генералното собрание на ООН.

Тој рече дека чувствува дека „сега се формираат различни пристапи што ќе доведат до заедничка цел – решавање на проблемот“ кој е „стар и многу компликуван, ограничувачки“ и затоа „сите, вклучително и Црна Гора како сосед, се заинтересирани да дадат максимален придонес за да се донесе остварливо решение во блиска иднина “.

Поврзани новости