„Гугл“ќе им плати 76 милиони долари на француски медиуми за авторски права

by fokus

Гугл се согласи да плати 76 милиони долари на група француски медиуми за три години по долготрајниот спор за авторски права, јавија британски медиуми кои имале увид во документите.

Двата документа вклучуваат нацрт договор во кој се наведува дека Гугл е подготвен да плати 22 милиона долари годишно на група од 121 национален и локален француски медиум, откако ќе потпише договори со нив поединечно.

Вториот документ е спогодба според која Гугл се согласил да плати 10 милиони долари на истата медиумска група во замена за откажување од сите сегашни и идни тужби за авторско право во следните три години, колку што трае договорот.

Договорот е постигнат откако Франција донесе нов закон за авторски права, како дел од поширокиот закон на Европската унија.

Мерката ги принудува Гугл и другите големи интернет платформи да преговараат со медиумите за да се договорат за плаќање на содржината што ја користат за нивните информативни услуги на интернет.

Договорот беше осуден од други француски медиуми што не се дел од договорот, тврдејќи дека тоа е тајно, нефер и дека не се почитува законот.

Поврзани новости