Грузиската национална авиокопманија и забрани на претседателката да ги користи нивните авиони

by Фокус

Основачот на грузиската национална авиокомпанија „Грузија ерлајнс“ ѝ забрани на претседателката на земјата Саломе Зурабашвили да ги користи нивните услуги.

Оваа забрана следеше откако Зурабашвили изјави дека ќе ја бојкотира авиокомпанијата поради обновувањето на летовите за Русија, пренесува Ројтерс по написот на руски ТАС.

Русија во мај објави дека ја укинува четиригодишната забрана за директни летови со Грузија и со децении важечките визи за Грузијците кои патуваат во Русија.

Претседателката на Грузија ги повика властите да ја осуетат руската инцијтива, што тие го игнорираа.

Тамаз Гајашвили, основачот на приватната компанија „Грузија ерлајнс’ изјави дека Зурабашвли е сега „персона нон грата“ и дека нема да ѝ биде дозволено да ги користи услугите на компанијата додека „не му се извини на грузискиот народ“.

Зурабашвили засега не се огласи.

Поврзани новости