Групацијата Акор ги проширува своите активности на Балканот- првиот Новотел во Албанија

by fokus

Сопственик на зградата, во која ќе има 130 соби, е албанска компанија – Болв-Оил групација. Отворањето е планирано за 2021 година. Тоа ќе биде првиот хотел што работи под брендот на групацијата Акор во Албанија.

Посетителите кои престојуваат во хотелот Новотел Тирана ќе имаат пристап до простории од над 7.000 м2 кои се модерни и удобни и дизајнирани за рекреација како и за бизнис. Хотелот ќе има 6 конференциски сали со вкупна површина од над 430 м2. Хотелот исто така ќе има базен од скоро 350 м2 и СПА центар од 120 м2, како и неколку ресторани, барови и друго.

Франшиза на брендот е групата Болв-Оил групација – една од најголемите компании во албанскиот сектор за гориво.

-Тоа е првиот хотел во Албанија со кој ќе работиме како групација Акор – тоа е голем чекор во развојот на нашата понуда во југо-источна Европа. Ова е уште една причина да бидеме горди што соработуваме со Болв-Оил групацијата, која е сопственик на зградата и која е многу почитувана во својата земја. Благодарение на соработката со партнери за кои е познато дека обезбедуваат услуги со врвен квалитет, можеме да бидеме сигурни дека секој што доаѓа во Тирана, без разлика дали е приватно или службено, може да ужива во нова димензија на хотелско гостопримство – потенцира Френк Раул, одговорен за развој во Акор за Источна Европа.

– Тирана доживува брз раст и развој, затоа посетителите бараат висококвалитетни хотелски брендови за да останат во градот. Затоа, решивме да инвестираме во овој хотел и да соработуваме со групацијата Акор, која е добро позната по одличните хотелски решенија и услуги што се високо ценети од туристите. Благодарение на вредната поддршка од групацијата Акор, можеме да имаме единствен хотел во Тирана, кој нуди квалитетни услуги за гостите. Веруваме, дека само со тоа што ќе му понудиме квалитет на пазарот можеме да успееме во иднина. Исто така чувствуваме дека брендот Новотел е дефинитивно најдобриот избор за наш прв хотел во Тирана – додава Олси ЧУКАЈ, потпретседател на групацијата.

– Визуелно ќе биде лесно да се забележи зградата заради светлите бои на фасадата – ветува Олси ЧУКАЈ. – Во горниот дел од зградата ќе има мултифункционален дел  за конференции, настани и изложби што ќе функционира како мост помеѓу хотелот и деловната зграда до хотелот. Уште повеќе, дизајнот на ентериерот на хотелот Новотел Тирана ќе вклучува албански традиционални мотиви до степен што ќе го направи уникатен и оригинален.

Отворањето на хотелот е закажано за 2021 година. Тирана е главен и најголем град на Албанија, а се наоѓа на 3 реки: Лана и Ерзени. Најпознат споменик е Етем-беговата џамија. Помеѓу другите важни културни објекти се Народниот театар и Театарот за опера и балет.

Поврзани новости