Грујевски не се појави на судење од здравствени причини, СЈО има сознанија дека бил забележан во МВР

by fokus

Судењето за случајот „Тврдина 2” се одложи поради отсуство на првообвинетиот Горан Грујевски. Според одбраната на Грујевски, тој не дошол на судењето од здравствени причини.

СЈО ќе побараат приведување на Грујевски и кривична одговорност од специјалистот кој ги издал медицинските документи, ако се потврди дека се неверодостојни затоа што имале сознанија дека тој бил забележан во кругот на МВР и петтата управа. СЈО  ќе бара обезбедување на видео записи од МВР и записи од картичниот систем за евиденција на вработените.

Во „Тврдина 2“ обвинети се седум вработени во УБК – поранешен началник на петтата управа, како и други шест лица, осомничени за фалсификување службена исправа и уништување на документацијата поврзната со двата системи од незаконското прислушување.

Поврзани новости