Грујевски и Бошковски денеска ќе објаснуваат зошто бараат азил во Грција

by Fokus

Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски, денеска пред Комитетот за азил во Солун ќе ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција, потврдија за МИА од адвокатскиот тим.

Претходно нивното првично сослушување во Комитетот беше одложено, бидејќи имало проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик.

Грујевски и Бошковски на 29 ноември минатата година доставија барање за политички азил во Грција. Овој потег беше очекуван, со оглед на тоа дека во вакви случаи, за да се пролонгира екстрадицијата следниот чекор е барање азил.

Со поднесеното барање за политички азил пак, се отвори нов паралелен и дополнителен процес. Грујевски и Бошковски, во Грција, веќе имаат три различни и меѓусебно неповрзани процеси, едниот за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот по барањето за азил.

Поврзани новости