Грујевски и Бошкоски денеска пред Судот во Солун за лажните пасоши

by Fokus

Денеска треба да започне сослушувањето во грчкиот суд на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски за поседувањето лажни пасоши со кои престојувале во Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Тие, претходно во исказот даден пред грчкиот суд побрале Грција да не ги екстрадира во Македонија, бидејќи се плашеле за своите животи. Тие ги отфрлиле сите обвинувања против нив и рекле дека се жртви на политички прогон. Според бегалците барани со меѓународна потерница, биле загрозени од високи функционери во Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости