Груевски: Заев зборува за мене 24 часа на ден

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски повика сограѓаните, оние кои гласаат за СДСМ да се придружат кон напорите на ВМРО-ДПМНЕ, да се обединат за посилна Македонија. Говорејќи за Заев, Груевски рече дека граѓаните заслужуваат подобро, дека сегашниот премиер не е загрижен за намалување на невработеноста, за развојот и напредокот на нашите градови и општини.

„Тој нема љубов кон знамето и татковината. Ова првенствено се должи на неговата единствена агенда: Груевски. Тој за мене зборува 24 часа на ден. Зошто? Затоа што многу добро знае дека нема капацитет и способност да преземе одговорност за она што треба да го направи и да го надгради она што ние досега сме го направиле. Тој нема храброст да ги реализира сите решенија и проекти што ги замислуваме за нашата земја. Тој воопшто не може да ја оствари визијата и соништата што ги подготвуваме за Македонија“, рече Груевски.

Поврзани новости