Груевски: Заев само за на маскембал е самурај!

by Фокус 11:49
11:49

Премиерот Никола Груевски вчера пред кумановчани зборуваше за најавите од опозицијата дека може да не ги признаат резултатите од изборите на 27-ми април.

– Каде е тука доблеста, каде е тука храброста да се излезе, да се каже доблесно и храбро: Честитаме, победивте, се боревме, веројатно имавме грешки за кои ќе размислиме. Честитаме на граѓаните, им благодариме натие што гласаа за нас – како што ние го правиме тоа! Каде е тука храброста? Го гледавме Заев на оние маскембали се облекуваше како самурај. Каков самурај е тоа да однапред објави дека ќе изгуби на избори и дека не ги признава изборите? Тоа ли е самурај? Или само за на маскембал е самурај? – праша Груевски.

- Advertising -

Груевски праша ако Заев е толку сигурен дека ќе победи на изборите и ќе биде премиер, зошто тогаш не си даде оставка од градоначалничкото место во Струмица. Премиерот порача и дека Заев на изборите ќе изгуби и во Струмица.

Поврзани новости