Груевски задоцни 15 минути на судското рочиште за „кинеските провизии“

by Fokus

Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска задоцни 15 минути на судењето за случајот на СЈО, „Траекторија“, кое требаше да започне во 9.45 минути.

На денешното судско рочиште на време стигнаа сите обвинети меѓу кои поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се товарат дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. Предметот стана познат како „кинески провизии“.

В.В.

Поврзани новости