Груевски во Викиликс: Соработници на Клинтон одлучиле да го избегнат лидерот на ВМРО

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски се најде во комуникацијата по електронски пат меѓу блиски соработници на демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, кои ги објави Викиликс.

Поточно, Груевски се споменува во комуникацијата меѓу Џон Подеста, шеф на кампањата на Клинтон, Џејк Саливен, советник за надворешна политика на Клинтон, и Амитаб Десаи, директор за надворешна политика во рамки на Клинтоновата фондација.

Имено, нивната мејл-комуникација открива дека Груевски, преку член на неговиот кабинет, се обидел да издејствува покана за учество на Клинтоновата глобална иницијатива, во чии раки кон крајот на секоја година во Њујорк се оддржува состанок на кој присуствуваат видни гости од целиот свет – политичари, државници, стопанственици, научници…

Впрочем, тие во меѓусебните разговори се консултираат дали да го поканат тогашниот макдонски премиер на овој состанок, при Деари му посочува на Саливен дека Чарли Купчан сугерира Груевски да не се кани, бидејќи, според него, тој набрзо треба да се повлече под голем притисок.

Инаку, Купчан е виш директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД, односно советник на претседателот Барак Обама, а на 15 август 2015 година се сретна со лидерите на „пржинската четворка“.

Оваа преписка датира од средината на минатата 2015 година, кога веќе се одвиваа преговори за надминување на тешката политичка криза по обелоденувањето на аферата со прислушувањето, од која како едно од системските решенија произлезе токму повлекување на Груевски од премиерската позиција и назначување на технички премиер за спроведување на изборите.

На состаноците на оваа иницијатива, формирана во 2005 година за глобални теми и прашања од страна на поранешниот американски претседател и сопруг на Хилари – Бил Клинтон, досега учествувал македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, но и поранешниот претседател и премиер, Бранко Црвенковски.

Поврзани новости