Груевски во Албанија влегол нелегално кај преминот „Блато“: Замешани се и албанскиот претседател и бизнисмен со бизниси во Македонија?!

by Fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски во Албанија влегол нелегално кај граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, пренесуваат албанските медиуми.

Весникот „Дита“ информира дека дека Груевски со сигурни негови луѓе влегол на албанска територија. Потоа, Груевски во придружба на свои луѓе бил во Тирана, а потоа со возило на Унгарската амбасада заминал во Црна Гора.

Весникот „Дита“ наведува дека самиот факт што Груевски немал проблеми на излезот од Албанија на преминот Хани и Хотит, и покрај тоа што влегол нелегално во земјата, а излегол со лична карта, доволно говори дека минувањето преку Албанија е реализирано со влијателни и сигурни негови луѓе.

Дел од албанските медиуми информираат дека можна замешаност во ова може да има и албанскиот претседател, Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија.

Поврзани новости