Груевски ветува нови работни места и отпис на долгови

by Фокус

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на вечерниот митинг во Делчево најави нови 150.000 работни места и отпис на долгови на социјално ранливите категории.

– Кога можевме да ја намалиме од безмалку 40 на 22,6 проценти, како што можевме во минатата декада да ја зголемиме вработеноста од 560.000 на 733.000 вработени, значи бројот на вработени се зголеми за 173.000 нови работни места, ќе можеме и наредната декада да ја смалиме невработеноста од 22 на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места – истакна Груевски.

Притоа, тој вети дека во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се изврши еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09.2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства.

Поврзани новости