Груевски вели дека трпението му се ближи кон крај

by Фокус

Некој се обидува да ја киднапира државата и да ја држи во заложништво. Нашето трпение се ближи кон крајот.  Ова мора да се истражи до крај, и сите виновници да одговараат пред законот, предупреди денеска македонскиот премиер Никола Груевски во писмената изјава за таканаречената „Фабрика за афери“.

-Македонија е заложник на лудилото на неколку луѓе од опозицијата кои загушени во сопствената криминогеност и под притисок на сопствениот неуспех, прават постапки кои се очајни. Ако до пред некој ден мислевме дека опозицијата го допрела дното, сега е дефинитивно дека го пробија и дното. Ова мора да се истражи до крај, и сите виновници да одговараат пред законот, се вели во изјавата на Груевски.

Тој додава дека станува збор за класично антидржавно однесување против Република Македонија, кое не можело да се оправда со невешти изјави и интервјуа на лица од опозицијата кои служеле само за прикажување на лажна самодоверба и смета дека целата афера користи за продолжување на симулираната агонија и деструкција, чија главна цел е одложување на изборите.

Поврзани новости