Груевски стана ѕвезда во Унгарија како најпознат мигрант

by fokus

Плакат со ликот на Никола Груевски осамна на зградата на унгарскиот Парламент. Плакатот на кој пишува „ВИП мигрантот на Орбан“ го постави унгарската опозициска Демократска коалиција.

Орбан три години избегнува да зборува за што било друго освен за илегалната миграција, соопшти денеска унгарската опозициска партија Демократска коалиција (ДК).

-Неделава го напаѓаме Фидес со нашето оружје. Претставниците на Демократска коалиција во парламентот ќе зборуваат за еден случај на илегална миграција во Унгарија, случајот со македонскиот премиер, соопштија од ДК.

Поврзани новости