Груевски: Специјалните обвинители се влезени во филм на големи ѕвезди

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вториот дел од мега-интервјуто за телеграф.мк зборуваше за Специјалното јавно обвинителство, за кое вели дека дејствува како партиски разгранок на СДСМ.

-Прес-конференциите на СЈО личат на политички настапи, со огромна доза театар, без докази, со однапред подготвени флоскули од нивна страна, веќе се прогласени за виновни луѓе за кои воопшто нема покренато ниту обвинение, а уште помалку да се изјаснил судот. – рече Груевски.

Експремиерот за повеќето од обвинителите рече дека се однесувале како да се филмски звезди, а не знаеле да се носат со нивната улога. Груевски се пожали и дека активности на СЈО биле апсолутно селективни и се насочени единствено кон една политичка партија, кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече и дека имал сознанија дека платите на јавните обвинители  се движеле од 2.500 до 3.000 евра и тие во немоќ да му помогнат на СДСМ преку оцрнување на власта ја издевалвирале институцијата СЈО.

Поврзани новости