Груевски: Со напуштањето на ДИК СДСМ сака да направи флека на изборите

by Фокус

Одлична вест е што прво претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски ги распиша изборите на 5 јуни и на тој начин земјата оди напред, се наближува почетокот на крајот на оваа агонија која ни ја направи СДСМ во овој период. Одлична вест е и што Државната изборна комисија најде сили да го каже тоа што е вистина, тоа што сите го очекувавме- дека услови за фер, слободни и демократски избори постојат, рече Груевски денеска на Канал 5.

-Тоа што претседателот на ДИК напушти веројатно е нечија замисла за после изборите да се има некоја причина за да се стави некоја флека на целиот изборен процес и тоа не е новина, тоа го правеше и порано СДСМ, нешто слично направи и Новаковски како претседател на ДИК во минатото.

Со исклучок на СДСМ и претседателот на ДИК, додаде Груевски, сите останати членови од сите други партии и плус двата независни челнови на ДИК гласаа и едногласно кажаа дека услови за организирање на избори на 5 јуни има и постојат.

Поврзани новости