Груевски смета дека упадот во парламентот бил погрешен чекор, но длабоко патриотска реакција

by Фокус

Откога се виде дека оваа власт спроведува селективна правда и ослободува најтешки криминалци и убијци, стана јасно дека веќе е бесмислено да се бара одговорност од луѓето кои борејки се за својата земја, поведени од емоциите, направија погрешен чекор на 27-ми април, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на свечената Академија по повод 124 години ВМРО и 27 години ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие немаат толку мастило за родољубивиот народ од 27-ми април да го запишат на темните страни на историјата. Тој сентимент, таа емоција, таа на срамен начин испровоцирана реакција која за жал доведе и до неоправдливо насилство во еден дел, но во основа беше длабоко патриотска – не може да ја сквернавите. Македонскиот граѓанин кој чекореше по македонските улици 80 дена со патриотизам, со крената глава и исправена кичма, секогаш ќе биде на светлите страници на македонската историја, и ќе сведочи за едно време во кое една генерација рекла не, а тоа е траг кој не се брише – рече Груевски.

Тој додаде дека луѓето што влегоа во парламентот на 27 април ќе ја имаат помошта од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости