Груевски славеше со говор против СЈО и невладините

by fokus

-Сакам да им порачам дека се повеќе ова што не ги засега, го засега народот, и тоа огромното мнозинство од народот. Она мнозинство кое не е дел од соросовите невладини организации и орди, дека се губи трпението кај народот, дека сум под притисок од илјадници барајќи поддршка за народна акција, дека ако вака продолжат, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, народот врие, рече Груевски на годишнината на партијата.

Во еден момент може да му дојде преку глава и да влеземе во фаза која нема да биде добра за земјата. ВМРО е демократска партија, која интересот на нацијата го става на прво место, партија која сака мир и економски услови, рече тој.

Оваа закана Груевски ја истакна откако цел говор наместо за ВМРО, го посвети на СДСМ, Сорос, Шарената револуција и невладините организации. Тој го повтори она што со месеци го повторуваат провладините медиуми и таканаречените експерти со вмровска матрица, односно за светски заговор против него, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

-Зошто од еден центар се финансираат невладините организации, зошто соросивите невладини организации секогаш се против ВМРО и се на страна на СДСМ, праша тој.
Дали ВМРО не направи ништо во овие години за да се допадне на овие невладини организации ? Дали некому му пречи што ВМРО-ДПМНЕ сака самостојна драва која ќе ја управува нејзиниот народ преку демократски избори а некој друг?

Кога видоа дека нема да успеат пак направија куп проблеми да ги одложат бараните избори. Програма немаат, идеи уште помалку, чекаат СЈО преку непрофесионално и партиско мотивирано работење да го смени мислењето на народот. Откако видоа дека СЈО не им е доволно, удрија на судот, им се закануваат јавно на судиите.

На невладините организации тоа не им пречи и немаат реакција. Потоа излегува портпаролот на СДСМ дека ќе започнеле кривична постапка за судиите кои не суделе како што треба. Повторно молк па и од меѓународнатазаедница.

Како резултат на тоа, пред некој ден измислија домашен притвор за човекот кој чесно е изгласан од народот, градоначалникот Владе Талески за да не избегал од земјата, зборуваше Груевски.

 

Поврзани новости